Правно лице кое е овластено и кое стои зад оваа политика на приватност е АМАЗОН ДООЕЛ Скопје.

ОПШТИ ОДРЕДБИ

АМАЗОН нема да ги продадава доставените информации од Ваша страна, или било кој дел од информациите, на трета страна.

АМАЗОН не ги продава, ниту ги изнајмува своите листи на клиенти на трети лица. АМАЗОН може да Ве контактира во име на други деловни партнери во врска со релевантни понуди кои можат да бидат од ваш интерес. Во овие случаи, вашите лични информации (е-пошта, име, адреса, телефонски број) не е, и нема да биде доверена на трети лица.

Формуларот за регистрација на нашиот сајт при вршење на нарачка бара од корисниците да ни дадат информации за контакт (како име, презиме, име на организација, адреса, поштенски код, телефон за контакт, емаил). Овие информации АМАЗОНги користи при контакт преку пошта (праќање на фактури и други документи, верификација на корисник).

Oвој сајт содржи линкови до други сајтови. АМАЗОН не е одговорен за приватноста, начинот на работа или содржината на овие веб-сајтови.

Податоците кои се прибираат преку АМАЗОН се користат само за статистички потреби, а не и за следеење на активноста на поединечни корисници.

Во случај на криминална истрага, АМАЗОН ќе се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб страната ќе бидат достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-сајт, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.

КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

АМАЗОН користи “колачиња” заради персонализирање на Вашето пребарување по интернетот и при вршење на одредена нарачка. Колаче е текстуален фајл кој преку сервер се пренесува на Вашиот хард диск и е складиран во Вашиот веб прелистувач. Колачињата не може да се користат за работење со програми или пак да пренесат вируси на Вашиот компјутер. Колачињата се уникатно доделени и може да се читаат само од доменот на веб серверот што претходно Ви ги има издадено.

Една од основните цели на колачињата е да го направи вашето интернет пребарување полесно и поефикасно. Колачето му укажува на веб серверот дека сте се вратиле на одредена страница и ги чува вашите лични информации, така да не мора да ги внесувате податоците секој пат кога ќе посетите нова веб страна на АМАЗОН.

Имате можност да ги прифатите или одбиете колачиња. Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но постои можност со промена на подесувањата во вашиот прелистувач да отфрлите некое или сите колачиња. Ако ги одбиете нема да можете да уживаате во целосно интерактивно искуство предвидено од страна на АМАЗОНи ќе пропуштате одредени функции на веб страната.

ДРУГИ ПОДАТОЦИ

Заради споредбени анализи, АМАЗОН го користи Google Analytics. Преку него постои пристап до следните податоци за посетителите IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и посетени веб-страници од сајтот во кои е вметнат кодот од Google Analytics. Овие податоци не се јавно достапни и се користат само за статистички аналаизи.

Ако имате било какви прашања во врска со оваа изјава за приватност, за начинот на работа или Вашето искуство од оваа веб страница, можете да не контактирате на contact@amazon.com.mk

 

Кошница